Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец ја запоставил законската обврска за грижа и воспитување на малолетниот син кој манифестирал врсничко насилство во училиштето

Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против 42-годишно лице од Охрид поради занемарена грижа кон својот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Охрид.

– Пријавениот, како родител ја запоставил својата законска обврска за грижа и воспитување на малолетникот што резултирало со негово насилничко однесување кон други ученици во основното училиште, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука