Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 12. степени

Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со кратки сончеви периоди попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност. Утре од средината на денот на запад ќе има повремени врнежи од дожд кои попладне ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а понекаде ќе продолжат и во ноќта кон четврток. Утринската температура утре малку ќе се покачи, а потоа ќе е за два до три степени пониска. Нов бран на врнежи се очекува од крајот на работната недела, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука