Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Во кампањата „Бидете херои на чесноста” се вклучија и охридски училишта

Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските основни училишта „Братство Единство” и „Живко Чинго” се вклучија во кампањата за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста”.

Кампањата е предводена од Државната комисија за спречување на корупцијата, а е дел од Активноста за антикорупција и интегритет, спроведена од Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи(ИФЕС) во Скопје, со финансиска поддршка обезбедена од УСАИД.

Пред присутните ученици се обрати претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, која ја истакна важноста на едукацијата на учениците за корупцијата уште од најмала возраст. Актерот Игор Ангелов, преку дијалог и интеракција, ги вклучи учениците во приказната за борба против оваа штетна појава.

На настанот беа доделени и награди за ликовни и литературни творби на теми поврзани со борбата против корупцијата.

Во кампањата досега беа вклучени повеќе училишта низ Македонија. Преку истата учениците се едуцираат за поимите интегритет и корупција, сé со цел да се подигне свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука