Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ со одлични резултати на бизнис натпреварот „Основај свој старт-ап“

Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ постигнаа одлични резултати на финалето на бизнис натпреварот „Основај свој старт-ап“, кој се одржа во организација на Касарна Хаб.

– Честитки за нашите прекрасни ученици и нивните ментори за учеството во финалето на бизнис натпреварот „Основај свој старт-ап“ во организација на Касарна Хаб. Прво место за „Event Buddy“, апликација за тековните настани во градот и пошироко, изработена од страна на досетливите Марија Тренеска, Стефани Пумпалоска, Јована Нанеска и Ана Марија Маркоска. Второто место го поделија „EкоПарк“ и „SpaceWork“, бизнис планови за рециклирање и подигнување на еколошката свест кај граѓаните, изработени од: Никола Донески, Анастасија Јаковческа, Наталија Савеска и Елена Бежоска, Невена Размоска, Матеј Исакоси и Михаил Јоноски, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука