Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Пријавени 64 случаи на сезонски грип, во Охрид и натаму не се евидентирани заболени

Охрид/Скопје, 23. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 13-ти до 19-ти ноември во Република Македонија пријавени се 64 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените се пријавени од единаесет ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 37, Струмица – 12, Тетово – 9, а во Куманово, Пехчево, Прилеп и Скопје бројот на пријавени е помал од 5. Во 6 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, а во една (Дебар) –средна активност на вирусот на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 26 лица се на возраст од 15-64 години, 18 кај деца на возраст од 0-4 години, 16 кај деца на возраст од 5-14 години и 4 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години, е наведено во неделниот извештај.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 351. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,8 пати.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, особено за ризичните групи граѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука