Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

Порталот PortaliX објави снимка од возилата кои со 14-годишната Вања Ѓорчевска се движат кон селото Бразда (Видео)

Скопје, 6. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Порталот PortaliX и новинарот Фуркан Салиу, на нивната Facebook страница објавија снимка од движењето на возилата кои со 14-годишната Вања Ѓорчевска Вања се движат кон селото Бразда.

– Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. PortaliX обезбеди снимки кои точно покажуваат кога и како жртвата заврши во Бразда и точното време кога е опожарено возилото, порачаа новинарите на порталот во објавата.

Љупчо Палевски- Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски е уапсен во градот Баликесир во Турција, по меѓународната потерница која ја објави македонското МВР, информираше синоќа на вонредната прес конференција министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија Оливер Спасовски. (Крај)

извор: PortaliX фото/видео: PortaliX

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука