Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 7. степени

Охрид, 7. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Денес времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Утре ќе дува засилен северен ветер, времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи стабилно време, а температурите од понеделник ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука