ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Спасовски: Политизирањето и политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите

Охрид, 7. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Политизирањето и политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите, порача денеска од Охрид министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски, во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од синоќа дека доцна започнала истрагата за убиствата кои ја потресоа државата.

– Тоа се политиканства од најдолен вид кои ги преземаат такви ексремни десничарски кругови и не посакувам да се впуштаме сите во политиканство, туку да се работи сериозно и до крај, да се откријат сите докази и сите тие радикални гнезда да се откријат и целосно да се уништат. Мотивите на тие луѓе може да имаат сериозни последици. Се испитуваат и многу видови на комуникации изминатиот период и со осомничените и со лица надвор од оваа група, така да сметам дека ќе се дадат и многу други одговори во однос на конекциите. Тоа е важно за истрагата за тие радикални структури целосно да бидат разбиени. Упатувам апел до сите одговорно да се однесуваме, а Мицкоски и сите кои имаат докази, како што викаат, веднаш да ги предадат на органите, а ако не го направат тоа тоа е кривично дело, изјави Спасовски.

Тој додаде дека јавноста сега сите детали од истрагата ќе се добива од Јавниот обвинител.

– Се’ уште трае распитот за адвокатот на Љупчо Палевски- Палчо, Васко Стојков, со кого првоосомничениот за убиствата на Вања и Панче од земјава замина за Белград на 30-ти ноември, и потоа ќе се одлучи како ќе се постапува. Кривична пријава ќе има и за Стефан Димковски од Струмица, татко на две деца кој е возачот кој го превезувал Палевски, од Белград до граничниот премин со Турција на граничниот премин „Капетан Андреево“, откри Спасовски.

Тој додаде дека телота на Вања било пронајдено во атарот на селото Бразда.

– Сите материјални докази се во Јавното обвинителство и таму се анализираат. Во врска со точното време кога била убиена 14-годишната Вања, тоа што е кажано на последната прес конференција е кажано врз основа на исказите на осомничените. Но, тоа не се само искази, туку тоа се потврдува и со низа докази, видео материјали и мета податоци, а најточниот податок и доказ ќе го даде судска медицина по обдукцијата, истакна министерот Спасовски.

Тој заедно со дел од раководството на МВР денеска во Охрид оствари работна средба со раководствата на СВР Битола, СВР Охрид и РЦ Запад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука