Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

DW: Снимката од возилата на грабнувачите отвори нови прашања

Скопје, 7. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дали верзијата за текот на настаните на 27-ми ноември што ја презентираа надлежните во истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е поблиску или подалеку од првично споделените сознанија?

Дилемата ја наметна PortaliX, кој синоќа објави дека обезбедиле снимки кои покажуваат дека на 27-ми ноември во 07:55 часот двете возила кои поврзани со грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска поминуваат на улицата број еден во населбата Визбегово.


На снимките се гледа возилото марка „Ситроен“ кое според изгледот се совпаѓа со она на велешанецот Панче Жежовски, а кое според надлежните, односно исказите на дел од осомничените било употребено при грабнувањето на Ѓорчевска. На снимката се гледа дека пред него се движи возило возило „Рено кангу“. Таквото движење на двете возила „едно пред друго” беше соопштено и на заедничката прес-конференција на министерот за внатрешни работи и шефот на скопското јавно обвинителство.

На снимката се гледа дека во „Ситроенот” има лице и на совозачкото место. Патот низ населбата во која е снимено движењето на двете возила води и кон местото на кое истиот ден (27.11.2023 година) се најдени остатоци од опожарениот „Ситроен“. Според објаснувањето на надлежните вклучени во предистрагата, дотогаш полицијата сѐ уште немала утврдено поврзаност меѓу исчезнувањето на Панче Жежовски и употребата на неговото возило за грабнување на Ѓорчевска.

На друга снимка што ја објави порталот, во 09:37 часот во далечината се забележува облак од чад, кој според медиумот доаѓал од истиот правец каде истиот ден подоцна се најдени остатоците од опожареното возило. За најденото опожарено возило МВР информираше следниот ден, на 28-ми ноември.

– На 27.11.2023 било пријавено дека во 15:40 часот во селото Бразда, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило. До возилото била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака, за која, по извршени проверки, било констатирано дека припаѓа на патничко возило „Цитроен“, сопственост на П.Ж. од Велес, за кој на 24.11.2023 во СВР Велес беше пријавено дека се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, беше наведено во соопштението на МВР.

Комплетната анализа на DW и новинарката Катерина Блжевска ОВДЕ. (Крај)

извор: DW фото/видео: PortaliX

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука