Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во вчерашната сообраќајка во центарот на градот, повреден е 74-годишен охриѓанец на велосипед

Охрид, 12. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти декември 2023 година, во 15:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Македонски просветители“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која е потешко повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Шкода“ со албански национални ознаки, управувано од 45-годишно лице од Република Албанија и велосипед управуван од страна на 74-годишен охриѓанец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука