Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во октомври во Охрид издадени се 7 одобренија за градба

Охрид, 12.декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во месец октомври во Охрид биле издадени 7 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во пет случаи инвеститор е физичко лице, додека во два правен субјект. Предвидена е градба на 15 станови, со вкупна корисна површина од 689 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца нема издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во октомври 2023 година издадени се 325 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 се наменети за објекти од високоградба, 80 за објекти од нискоградба и 58 за објекти за реконструкција. Од вкупно 325 објекти, на 175 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 790 станови, со вкупна корисна површина од 71.091 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука