Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Лајка: Повеќе го нема „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид

Охрид, 12. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Иницијативата за заштита на животните „Лајка“ информираат дека повеќе го нема „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид.

– Истиот речиси две години, во близина на Охрид егзистираше како здание создадено да задоволува нечиј патолошки порив за крв и тортура, како и за печалење (можно и перење) пари плод на болот и агонијата на кутри кученца исклучиво чувани за таа цел. Нашите реакции, бурата која се крена во јавноста, притисокот од сите страни донекаде вродија со плод. А зошто велиме донекаде? Затоа што целосниот плод ќе значи казнување на сторителите (за кои веќе и врапчињата знаат кои се) и спречување на создавање нов ринг во некоја друга потзаскриена средина, реагираат од „Лајка“.

Додаваат дека трагите од постоењето на овој ринг и натаму сведочат за хоророт кој се одвивал тука, а за кој надлежните со години ќутеле и не превземале ништо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Лајка

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука