Охрид, 24. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младите и талентираните драмски глумци од Гимназијата ОСУ „Свети Климент Охридски“ беа дел од настанот, организиран од Општина Охрид во спомен-куќата на Христо Узунов, насловен како Лица на револуцијата: Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери „Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893-1934“.
– Во драмско-сценскиот перформанс главните актери беа талентираните гимназијалци: Константина Крежеска (IV-5) како наратор 1, Сара Петкоска (III-3) како наратор 2, Димитар Цацаноски (IV-2) како Христо Узунов, Ѓорѓи Целески (IV-6) како Mетодија Патчев, Димитри Бимбилоски (III-2) како Кирил Прличев и Давид Целески (III-3) како Иван Нелчин, сите под менторство на професорите м-р Перчо Божиновски и м-р Михаил Патчев, информираат од ОСУ „Свети Климент Охридски“.
Интерпретацијата на писмото од Христо Узунов до неговата мајка и приказот на настанот посветен на славното минато на Македонија и на најзначајните лица од тоа време предизвикаа овации и воодушевувања проследени со долготрајно ракоплескање кај публиката.
– Продолжуваме да го негуваме и да го презентираме талентот на гимназијалците, потенцираат од охридската Гимназија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива