Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва традиционален новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“

Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид вeчерва ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт.

Учениците од сите класи, поддржани од нивните ментори, ќе покажат што научиле во текот на годинава. Музичко-сценскиот перформанс годинава е инспириран од светот на Дизни.

Концертот ќе се одржи во Дијамантската сала на хотелот „Инекс” со почеток во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука