Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и релативно топло време со умерена облачност и температура до 14. степени

Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево, тивко и релативно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Ќе продолжи периодот на тивко време со повремен слаб променлив ветер, а ќе биде и релативно топло преку денот, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла и ниска облачност. Поголемо наоблачување ќе настапи во сабота преку денот, а во недела ќе има појава на повремен дожд, на планините од повремен снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука