Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва хуманитарен новогодишен базар во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”

Охрид, 28. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на новогодишните празници, СОСУ „Св. Кирил и Методиј” од Охрид вечерва организира хуманитарен новогодишен базар.

– На базарот ќе бидат изложени рачни изработки од нашите ученици: слатки задоволства, украси, честитки, накит итн, а Вие ќе имате можност да си купите од понудените производи и на тој начин да учествувате во хуманитарниот настан. Вашето малку, некому значи многу, велат од училиштето.

Собраните средства ќе бидат донирани во инклузивната игротека „Радост“.

Хуманитарниот новогодишен базар ќе се одржи во дворот на училиштето со почеток во 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука