Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Битиќи за автопатот Кичево-Охрид: Време за губење нема, ако нема капацитет од изведувачите, ќе треба да најдеме нови

Скопје, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вицепремиерот Фатмир Битиќи во своето видеобраќање за „Блумберг Адрија“ изјави дека по новогодишните празници, Владата и кинеската компанија „Синохидро“ ќе започнат преговори за потпишување нов анекс на договорот.

– Сметам дека не треба јас да очекувам, компанијата во овој случај треба да даде цврсти гаранции дека се спремни да одговорат на предизвикот за финализирање на проектот. Таму се вклучени и надзорот затоа што тоа што требаше како институции да го испорачаме сме го испорачале во минатиот период. Веќе крајно време е гаранциите да се добијат од тие што треба сето тоа го го спроведат, изјави вицепремиерот за економски прашања.

Тој потврди дека има заклучок кој доаѓа од одредена анализа направена од неколку експерти дека препораката била да има нов анекс, со нов рок за финализирање на проектот, а не раскинување на договорот. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука