ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид може: Потребни се уште 20 илјади евра за помош на младиот Петар кој има потреба од хируршка интервенција во Турција

Охрид, 10. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат својата докажана хуманост и сите заедно да подадеме рака да му помогнеме на Петар кој има потреба од хируршка интервенција во Турција.

– Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од ненавремено поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза закоја е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција за која се потребни околу 50 илјади евра. Потребни се уште околу 20 илјади, а ние финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума и приморани сме на овој начин, односно со донации. Затоа Ве молам, хумани луѓе донирајте кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе успешното лекување на Петар, апелира Гордана Попоска, мајката на Петар.

Сите кои се во можност можат да донираат на следните начини:

Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска

HALKBANK IBAN: MK07270700082176215

SWIFT: EXPCMK22

Телефонски броеви за донации:

А1 143460

Телеком 143 128

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука