Култура

Изложба „Циклуси“ на Крунислав Стојановски во Охрид

Охрид, 8. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот сликар Крунислав Стојановски на 18-ти август во Охрид ќе се претстави со дела од изложбата насловена „Циклуси“.

Со поставувањето на оваа изложба, сликарот ќе одбележи 20 години од неговата кариера. Изложбата ќе биде во рамките на фестивалот „Охридско лето“, а ќе биде поставена во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Во јануари 2016 година оваа изложба ќе ја има својата премиера и во Скопје, во Музеј на град Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука