Спорт

„Црвените ѓаволи“ преку Бриж до групната фаза од Лигата на Шампионите

Манчестер, 8. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го пречекува Бриж во еден од најинтересните дуели во последното елиминациско коло од Лигата на шампионите.

Од останатите двојки како поинтересни се издвојуваат: Лацио – Баер Леверкузен, Валенсија – Монако, Скендербег – Динамо Загреб, и Бате Борисов – Партизан.

Првите средби се закажани за 18-ти и 19-ти, а реваншите на 25-ти и 26-ти август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука