ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Проблемот останува: ТППЕ Охрид, во текот на денот имала четири интервенции поради запалени оџаци

Охрид, 21. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) во текот на денот имала четири интервенции поради запалени оџаци.

Во текот на првите 15 дена од оваа година охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ од Охрид) интервенирала на 7 опожарени оџаци, изјави неодамна за Супер радио и OhridPress командирот Борко Јанкулоски.

Тој упати апел до граѓаните редовно да ги чистат и одржуваат оџаџите, за да не дојде до несакани последици.

– Апелираме до жителите на општините Охрид и Дебрца да извршуваат контрола и редовно одржување на оџаците и грејните тела, исто така да бидат крајно внимателни со користење на разни и несоодветни продолжетоци на кој се приклучени повеќе уреди,сѐ со цел да немат преголемо оптоварување на електричната инсталација, а со самото тоа и до несакани последици. Исто така да бидат совесни и да ја почитуваат патната сигнализација се со цел да се избегнат сообраќајните незгоди, вели Јанкулоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука