Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата приведе 61-годишно лице од Охрид кај кое е пронајдена марихуана

Охрид, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јануари 2024 година, во 12:00 часот, на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, приведено е 61-годишно лице од Охрид.

– При претходно извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука