Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец заработи кривична пријава поради обид за давање поткуп на полициски службеници во Кичево

Охрид/Кичево, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 60-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

– При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле товарно возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, тој на полициските службеници, во сообраќајните документи им оставил пари со цел да не преземаат службени мерки против него, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука