Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓани имаат уште една недела за да извадат нови документи

Охрид, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани имаат уште една недела до денот кога истекува рокот за вадење нови документи.

Тие секојдневно се во обид да ги извадат или подигнат, а шалтерите во објектот на Пожарната скоро постојано се полни со граѓани кои стрпливо чекаат за да ја исполнат својата обврска.

Од МВР информираат дека нема да има казни доколку граѓаните не успеат да ги извадат новите документи до 12-ти февруари кога истекува рокот, но и нема да можат да патуваат во странство.

Со договорот од Преспа, македонските власти се обврзаа да ги сменат сите лични документи на граѓаните во Македонија, на кои ќе треба да стои новото име. Трошоците за промена на документите се на сметка на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука