Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Ќе се средува документацијата на Општина Охрид, потпишан меморандум со Државниот архив

Охрид, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Државниот архив и Општина Охрид потпишаа меморандум за соработка и договор за средување на документацијата на Општина Охрид.

Со овие акти потпишани меѓу директорот на архивот Емил Крстески и градоначалникот Кирил Пецаков, подрачното одделение на Државниот архив Охрид преку своите стручни лица ќе спроведе постапка за средување на документацијата која произлегува од работењето на (општинската) администрација за период 1944 до 2023 година. Преку ваквата постапка полесно и подостапна ќе биде документацијата на Општина Охрид на секој на кого ќе му биде потребна.

Покрај Општина Охрид, претходно меморандуми се потпишани со „Охридско лето“, Универзитет „Св. Апостол Павле“, „Струшки вечери на поезијата“ и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука