Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј

Охрид, 8. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј.

Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут), но се случи бура да го потопи коработ со кој пловеа. По Божја Промисла, Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека се удавил. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири.

После две години нивните ужалени родители појдоа во Јерусалим на поклонение на светите места. Таму со помош на прозорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога, Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија. Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние кои веруваат во Него, како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во уште поголема радост.

Живееја и се упокоија во Господ во 10 век. За овој Јован се смета дека е оној што е наречен Лествичник. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука