Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Земјотрес во Албанија, почувствуван во Охрид и во Кичево

Охрид, 8. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 8-ми февруари 2024 година во 06:32 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.

– Земјотресот беше со Рихтерова локална магнитуда ML3.6. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука