Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска крводарителска акција во СВР Охрид

Охрид, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година.

Под мотото „Секоја капка е важна“, денеска, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција.

– Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, потенцираат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука