Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Од албанска страна современ пат и патеки, од македонска сечење гранки наречено реконструкција

Охрид, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за и современиот пат и патеки од албанска страна и сечењето гранки наречено реконструкција од македонска страна е помеѓу најкоментираните на нашиот Facebook профил.

– Додека од македонска страна се одвива процес на сечење гранки наречен реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум), од албанска страна истиот патен правец после границата продолжува со современ пат и пешачко/велосипедски патеки. Истиот пред Тушемиште се разгранува на два дела и едниот води покрај езерото кон Поградец и натаму, а другиот на кој се работи е нов крак кој треба да го олесни патувањето и преку заобиколен пат да се избегнат сообраќајните гужви во Поградец, стои во информацијата.


Читателите на OhridPress со бројни реакции бараат на сличен начин да се среди и од македонска страна на границата, каде истиот пат продолжува кон Охрид и натаму. Модернизација и проширување на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум) е дел од политичките ветувања, стари и повеќе од десет години за проширување на оваа делница. Овој патен правец е во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука