Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде марихуана и предмети со остатоци од кокаин кај лице од Охрид

Охрид, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.  При претрес, извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и предмети со остатоци од кокаин, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука