Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Традиционално закројување на лозјето во семејната винарија S&S Winery по повод празникот Свети Трифун

Охрид, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на големиот празник Свети Трифун кој се слави како закрилник на земјоделците, градините и лозјата, денеска се одржа традиционалното закројување на лозјето во семејната винарија S&S Winery – „Стојан и синови“ во месноста „Чекоштина“, во близина на Охрид.

Во присуство на бројни пријатели и со црковен благослов, се одржа манифестацијата во семејната винарија, која се’ посилно се наметнува на пазарот со исклучителниот квалитет на виното кое го произведува.

Браќата Ванчо и Николче Шутароски, ја продолжија семејната традиција и љубовта која кон виното ја негувал нивниот татко Стојан и во „Чекоштина“ направиле мал рај за себе, но и за сите добронамерници и вљубеници во напитокот на боговите.

– Нудиме едно незаборавно искуство со дегустација на вино, одличен начин да поминете квалитетно време со пријателите и најблиските. Уметноста на дегустација на вино и совршени парови на храна во нашата винарија е само мал дел од уживањето. Резервирајте ја вашата турнеја за дегустација на вино, потенцираат од S&S Winery.

Потврда за квалитетот на нивните вина е и освоениот бронзен медал за виното „Вранец Требеништа“ на престижниот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ кој во ноември минатата година се одржа во Белград, Република Србија.

Повеќе информации можете да добиете на телефоните 070/780-608 и 078/406-605, како и на нивната официјална веб страна www.sswinery.com и на профилите на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Локација ОВДЕ.

Фото и видео материјалите се дело на Be1 Digital Marketing, компанијата која нуди комплетни маркетинг решенија за поголеми и помали компании. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука