Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

На денешен ден во 1911 година, Охрид го погоди силен земјотрес од 6,7 степени

Охрид, 18. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во јужниот дел на Охридското Езеро, на денешен ден, 18-ти февруари 1911 година се случи серија земјотреси, од кои најсилниот беше со Рихтерова магнитуда од 6,7 степени, потсетуваат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

– На 18-ти февруари 1911 година, јужниот дел на Охридското Езеро бил погоден од серија земјотреси со разорни магнитуди. Во 21 часот и 35 минути UTC (Coordinated Universal Time) се случил првиот и најсилен земјотрес со Рихтерова магнитуда од 6,7 степени. Истиот бил почувствуван со максимален интензитет од 9 степени според EMSC-98. Истиот ден се случиле уште 4 земјотреси со магнитуди од 5,9 степени според Рихтер и интензитети од 8 степени според EMSС-98, потсетуваат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Додаваат дека постземјотресната активност продолжила и траела низ целата 1911 и 1912 година. (Крај)

извор: Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ фото: Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука