Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 13. степени

Охрид, 23. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид сончево и релативно топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец. Преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука