ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бродот „Christina Royal“ делумно изваден на копно кај каналот „Студенчишта“, се врши редовна регистрација

Охрид, 23. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве во каналот „Студенчишта“ делумно е изваден на копно бродот „Christina Royal“.

Читатели на OhridPress до нашата редакција испратија фотографии. Контактиравме со надлежните лица кои стопанисуваат со бродот, кои истакнаа дека тоа е направено заради редовна регистрација на пловилото.

– Вршиме замена на пропелерот и ќе дојдат стручни лица за регистрација на бродот, кои доаѓаат од Белград и Франција. Заради тоа бродот мора да биде изваден, го проверуваат, ги мерат сите способности… Станува збор за стандардна постапка за регистрација што се прави на три години, изјавија за Супер радио и OhridPress од бродот „Christina Royal“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука