Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска бесплатен разглед на Охрид по повод Светскиот ден на туристичките водичи

Охрид, 24. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод одбележување на Светскиот ден на туристичките водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници денес организира бесплатен разглед на Охрид, Скопје и Битола.

Турата низ Охрид е од 12:00 часот, со почетна точка Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, а водич ќе биде Љупчо Јузмески.

Ваквиот начин на одбележување на Светскиот ден на туристичките водичи, 21. февруари, се спроведува веќе трета година и по ред, со тенденција да прерасне во традиција. Елвир Садиковиќ, потпретседател на Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници изјави дека главната поента е граѓаните да се запознаат со културно историските знаменитости на својот град. Впечатоците од изминатите две години вели се прекрасни, а дел од турите биле луѓе од различни возрасти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука