Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжуваат градежните работи на локацијата каде е најавена изградба на хотел кај каналот „Студенчишта“

Охрид, 27. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат градежните работи на локацијата каде е најавена изградба на хотел во непосредна близина на каналот „Студенчишта“.

Според информативната табла на градилиштето, станува збор за објект Б5.1 – хотелски комплекси од втора категорија. Инвеститорот има дозвола за изградба на објект со катност – приземје плус 4 ката.

Станува збор за супер атрактивна локација на која порано беше лоцирана градежната фирма „Трудбеник“, а каде полни пет години се очекуваше стартот на изградбата на два луксузни хотели од типот на Hilton, Hyatt, или друг сличен светски бренд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука