ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид ја заврши 2023 година со негативен природен прираст, во четвртиот квартал е -51

Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – И во четвртиот квартал од 2023 година во Охрид продолжил негативниот природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците октомври, ноември и декември се родиле 116, а починале 167 лица, односно се бележи прираст од -51.

И Дебрца бележи негативен прираст, се родиле само 5 бебиња, а починало 21 лице. Соседна Струга, пак, бележи позитивен прираст од 4. Регистрирани се 106 новороденчиња, а починале 102 лица.

Лани во Охрид биле склучени 309 бракови

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 85 двојки, што е речиси двојно помалку во однос на третиот квартал, а имало 18 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 86 бракови и 21 развод. Во Дебрца во последните три месеци од минатата година имало два склучени бракови и исто толку разводи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука