Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Д-р. Стурлакова Коровешоска: Нагло намален бројот на заболени од грип во Охрид, нема ниеден случај со голема кашлица

Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – За разлика од месец јануари, периодов значително е намалена бројката на заболени од сезонски грип во Охрид.

Минатата недела биле регистрирани само седум заболени, вели за Супер радио и OhridPress специјалист епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

– Нагло падна бројката на заболени. И тие што се, се со лесна клиничка слика. Вирози можеби има но не е состојбата како што беше во месец јануари, рече д-р. Стурлакова Коровешоска.

Потенцира дека во градов немаме ниеден случај со пертусис или голема кашлица, а што се однесува до Covid-19 речиси еден месец не е регистриран нов случај.

И на државно ниво се бележи пад во бројките на заболени од грип. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на 8-та недела од 2024 година (19-25.02.2024), се пријавени 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, односно 40,8% помалку во споредба со претходната недела. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука