Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Избегнете ги здравствените проблеми со континуирана физичка активност

Торонто/Вашингтон, 3. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Намалената физичка активност може да резултира со срцев удар и појава на рак.

Ова го потврдија резултатите од истражување спроведено од научници од Институтот за рехабилитација во Торонто.

Според американското списание Internal Medicine Review, ризикот од заболување е висок дури кај некои луѓе кои поминуваат долго време седејќи, но сепак одвојуваат одредено време и за физичка активност. За да се избегнат здравствените проблеми, потребно е физичката активност да се практикува континуирано.

– Дури и да се поминат 30 минути или еден час дневно во физички вежби, а остатокот од денот да се помине пред компјутер или на друго место, е многу лошо, велат авторите на студијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука