Забава Избор

Teya Dora со песната „Рамонда“ ќе ја претставува Србија на изборот за песна на Евровизија

Белград, 3. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – 32-годишната Teya Dora со песната „Рамонда“ ќе ја претставува Србија на изборот за песна на Евровизија.

По комплетирањето на гласовите на стручното жири и публиката, таа освои вкупно 22 поени.

Teya истакна дека многу емотивно ја доживеала победата и им се заблагодари на жирито и на публиката за поддршката. Откри дека планира да направи вистински спектакл во Малме.

– Се чувствувам убаво, но малку сум збунета. Толку многу емоции. Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене, изјави Teya Dora по победата.

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Малме од 7-ми до 11-ти мај 2024 година, а Србија ќе се претстави во рамките на првата полуфинална вечер закажана за 7-ми мај.

Теодора Павловска е позната српска пејачка, композиторка и продуцентка, родена во Бор, на 1. мај 1992 година, попозната под псевдонимот Teya Dora. Својата прва песна „Да на мени је“, ја објави во 2018 година, а значителна популарност постигна со синглот „Џанум“ од 2023 година. Има пишувано песни и за други познати уметници, како што се Николија, Наташа Беквалац, Јована Николиќ, Анастасија и Зои. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука