Скопје, 3. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – До 14:00 часот се собрани над 22.000 потписи за идната претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова. Оваа е силен индикатор дека граѓаните се одлучни за промени, откри денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Мислам дека е историски самиот ден. Од оној пресек кој што го добивме некаде околу 12:00 часот, можеме да заклучиме дека до тогаш се собрани во насока на поддршка за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова повеќе од 15.000 потписи. Очекуваме до крајот на денот да се соберат навистина огромна бројка на потписи до сега не забележана во македонската историја за само еден ден во знак на поддршка на еден од кандидатите во случајот идниот претседател на Македонија, тоа е Гордана Силјаноска Давкова, додаде Мицкоски.
Силјановска Давкова на нејзиниот официјален профил на Facebook се заблагодари за поддршката до сите граѓани кои го дадоа потписот за нејзината кандидатура.
– Ви благодарам од срце за поддршката. Легитимитетот на шефот на државата извира директно од граѓанинот како носител на суверенитетот. Заедно ќе ѝ ја вратиме гордоста на Македонија, порача таа.
Потребните потписи ги собра и актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, чија кандидатура треба да биде потврдена вечерва на конгресот кој ќе започне во 18:00 часот
Граѓаните можат да го дадат својот потпис за поддршка во сите подрачни единици на Државната изборна комисија. Подрачната единица на ДИК се наоѓа во просториите на Општина Охрид. Својот потпис можат да го дадат граѓаните од општините Охрид и Дебрца. Потписи ќе се собираат заклучно со 8-ми март 2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива