Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Синдикатите на пет јавни Универзитети на протест поради непотпишување на колективните договори, гласот ќе го кренат и вработените во УИНТ „Св. Апостол Павле“

Охрид, 4. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Синдикатите на пет јавни Универзитети, во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје, денеска од 13:00 часот пред влезовите на Универзитетите ќе одржат мирен протест затоа што не им се потпишани клективните договори.

Тие сметаат дека се игнорирани и диксирминирани од Владата и Собранието на Република Македонија во однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

Го поздравуваат спроведувањето на Колективниот договор со УКИМ, но на надлежните им порачуваат дека „истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост“.

– Останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на колективниот договор неправедно се изоставени настрана од државата, се вели во соопштението на синдикатите кои нагласуваат и дека „без никаква политичка боја“ ќе протестираат мирно и обединето за „враќање на достоинството, интегритетот и правдата“. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука