Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со врнежи од дожд и снег на повисоките места и температура до 7. степени

Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно и посвежо време со врнежи од дожд и снег на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Наутро ќе биде посвежо, а краткотрајно врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места, особено во западните делови. Претпладне врнежите наместа ќе бидат пообилни, а кон крајот на денот ќе престануваат. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер и проследени со ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука