Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 26. литри дожд на м2

Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 26. литри дожд на м2.

Најмногу дожд во текот на изминатото деноноќие наврна во Битола, 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35, Прилеп, Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, информираат од УХМР.

Во Охрид денес се очекува облачно и посвежо време со врнежи од дожд и снег на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Наутро ќе биде посвежо, а краткотрајно врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места, особено во западните делови. Претпладне врнежите наместа ќе бидат пообилни, а кон крајот на денот ќе престануваат. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер и проследени со ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука