Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

И денес прекин во водоснабдувањето на улицата „Гоце Делчев“

Охрид, 7. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – И денеска прекин во водоснабдувањето на улицата „Гоце Делчев“.

– Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, 2-3 часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан до Здружение на возачи, информираат од охридски „Водовод“.

Нивни екипи се на терен и работат на средување на состојбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука