Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Најголем број од луѓето го започнуваат денот со нездрав појадок

Охрид, 7. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Речиси половина од луѓето, посебно децата, се жртви на т.н „брз појадок“, покажуваат резултатите од истражување спроведено на оваа тема.

Се’ повеќе семејства за појадок на децата им сервираат нездрави и слатки закуски. Првиот оброк во денот на речиси половина од децата вклучува житни закуски со многу висока содржина на шеќер. За појадок децата често конзумираат и чоколадо, колачи и дури понекогаш чипс.

Истражувањето исто така покажа дека 25 отсто од возрасните не знаат точно колку јаглехидрати и протеини треба да се внесуваат во текот на денот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука