Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Акциска контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане, полицијата пронајде нож кај охриѓанка

Тетово/Охрид, 8. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на акциска контрола, спроведена ноќеска околу 00:20 часот во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на 34-годишно лице од тетовско Боговиње, кај 40-годишна жена од Охрид бил пронајден и одземен нож.

– Нож, исто така, бил пронајден и одземен и од 38-годишно лице од тетовски Пирок. На двајцата им се изготвени поднесоци по член 80 од Законот за оружје, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука