Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Задушница – Ден за помен на починатите

Охрид, 9. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска ја одбележуваат задушница – Ден за помен на починатите.

Задушница се паѓа секогаш во сабота, една недела пред Прочка.

Според традицијата, во некои краишта на Македонија, на задушница се раздаваат месени или сукани јадења.

Задушница секогаш паѓа во сабота, бидејќи Исус Христос тој ден, спроти воскреснувањето во недела, го поминал упокоен. Задушница е ден кога православните верници ги посетуваат гробовите на најблиските, даваат помен и палат свеќа. Сеќавајќи се на покојните предци, верниците на овој ден се молат на Бог за простување на гревовите и за предците.

Православната црква во текот на годината одбележува четири задушници, есенски, летни кои што се споени со Духови, спроти големиот велигденски пост и зимски.

На Задушница во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, каде што се пали свеќа и се чита молитва. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука