Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Од архивата: Дел од „изборната програма“ на Супер радио од 2013 година

Охрид, 9. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како медиум кој скоро 32 години успешно работи и ги следи сите процеси во поширокиот регион на Охрид и државата, Супер радио секогаш, на свој препознатлив начин, ги потенцирало слабостите и е редовен учесник во сите поважни случувања.

Изборите секако се дел од овие случувања, а својот став кон состојбите на локално и државно ниво таа година, сме го изразиле и преку тогашната наша „програма“ со која сме се „кандидирале“ за довербата кај охриѓани.

Дел од нашата програма:

– Заштита и санација на родната куќа на Дџ Кони
– Пекара „Спасе“ да се прогласит за објект од особено значење за градот
– Прогласување на српскиот јазик за официјален „странски“ во Охрид
– Отварање катедра на факултет – Како да се фати крстот за Водици
– Прогласување на Билјанини извори за осмо светско чудо
– Изградба на споменик на Бате Кемче во природна големина
– На 1 април Субрата Рој да дават визита
– Аренси Бенд да добијат забрана за настап на Нова година во Охрид следниве три години
– Прогласување независност за Влашка и Карабего мала
– Паричката да се барат за Василица
– Проект „365 кафани“ – за секој ден во годината по една
– Изградба на туш кабини кај Паднатине борци

Гласајте за нас – имат и полошо!!!

Искрено, „програмата“ звучи сосема реално и денеска, особено слоганот на крајот.

Време е за избори, подгответе се, ќе се изнагледате чуда!!! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука