Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Две години по охридскиот Прличев, светот доби дигитална верзија на Marilyn Monroe

Остин/Охрид, 9. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Скоро две години откако Охрид доби дигитален паметен споменик на Великиот Прличев, и повеќе од 60 години по смртта на познатата глумица, деновиве беше промовирана дигитална верзија на Marilyn Monroe, создадена со помош на вештачка интелигенција.

Истата беше претставена на технолошката конференција во Остин, Тексас, а глумицата се појави на компјутерскиот екран во скромен црн џемпер. Дигиталната убавица зборува со познатиот кадифен глас и може да изрази одредени емоции, како што е насмевка како одговор на некој комплимент.

Digital Marilyn е создадена од компанијата за вештачка интелигенција Soul Machines, која е специјализирана за оваа област, во партнерство со Autentik Brands Group.

Во август 2022 година, на плоштадот на уметноста „Долна Порта“ во центарот на Охрид, беше промовиран дигиталниот паметен споменик „Хомер“, кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на древниот Охрид.

Воскреснувањето на Григор Прличев преку алхемијата на најновите технологии е дело на проф. д-р Анис Сефиданис и Друштвото за истражување и развој „Сефиданис“ од Охрид и ни овозможува синхроно да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер. Станува збор за најсовремен производ кој е дел од новата Digital Humanities парадигма за новите, „паметни“ градови на иднината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука